Во периодот од 21 февруари до 15 март 2024 година, на иницијатива на Полјанско-кукушкиот митрополит Вартоломеј, а во рамките на духовната грижа за континуирано образование на парохиското свештенство во епархијата, се одвива семинар по Литургика. Цел на семинарот е теоретска и практична наобразба на клириците во однос на богослужението на Православната Црква. Теми на семинарот се: Вечерната и Утрената богослужба, Проскомидијата, Литургијата и Светите тајни брак и крштение. Исто така, ќе бидат изложени и прашања од организациски и управен карактер.
На семинарот ќе учествуваат клирици, кои се ракоположени во последниве десет години, а предавања ќе одржат клириците на епархијата: архимандрит Епифаниј Теодоридис, архимандрит Димитриј Бикас, протопрезвитер Ставрос Софотасиос и архиѓаконот Филотеј Цамбазакис. Почеток на семинарот прогласи Митрополитот Вартоломеј. Тој ја нагласи неопходноста од наобразба, со цел постигнување литургиски ред и еднообразност на свештенодејствијата.
Клириците можат да ги следат предавања во живо или преку интернет.
Извор: https://www.ekklisiaonline.gr/nea/protypo-seminario-litourgikis-stin-i-m-kilkisiou-foto/