Книгата „Првенството на Константинопол, факти против митовите“ е посветена на проблемот на современите меѓуцрковни односи, на политиката на Константинополската патријаршија која претендира на посебен статус меѓу помесните православни цркви. Преку историско-канонска анализа се демонстрира неоснованоста на претензиите од Фанар на особени права на „лидер на светското Православие“, нивната противречност со духот и буквата на каноните, а и со црковното устројство што потекнува од Господ Исус Христос и апостолите.