Фотографија: jerusalem-patriarchate.info
На 21 март оваа година, Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г Теофил прими посета од амбасадорот на Романија во Израел г-дин Раду Јоанид.
За време на оваа посета се разговараше за лошата состојба со војната во Светата земја и Газа и за односот на Ерусалимската патријаршија со Романската патријаршија и со државата Романија, во минатото и денес.
На оваа средба, Неговото Блаженство ги истакна апсолутната неопходност од единството на Православните Цркви и придонесот на Ерусалимската Патријаршија за ова прашање на средбата на Православните Цркви во Аман, во февруари 2020 година.
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/επισκεψεισ-παρα-τω-μακαριωτατω-14/