Во Баку беше промовиран двојазчен молитвеник, на азербејџански и на руски јазик

На 24 март 2024 година, во религиозно-културниот центар на Бакинската епархија (на Руската православна црква), во главниот град на Азербејџан (Баку), се одржа настан, посветен на Денот на православната книга.

На присутните им беше претставен двојазичниот молитвеник, на азербејџански и на руски јазик. Молитвеникот е подготвен со благослов на Архиепископот Пјатигорски и Черкески Теофикалт, кој привремено управува со Бакинската епархија.

Во двегодишната работа за подготовка на молитвеникот учествуваше работна група, под раководство на архимандритот Алексеј Никоноров. Во состав на работната група беа свештенослужители и мирјани. Преводот на азербејџански јазик го извршија Ала Асланла и Торал Агаев. Молитвеникот ја има следнава содржина: утрински и вечерни молитви, молитви пред и по причест, поредокот на Литургијата, тропари и кондаци за неделите, за дванаесетте (Господови) и за големите празници, и други молитви. За првпат се објавени молитви кон Соборот на азербејџанските светители, кон Св. Елисеј – просветител на Кавкаска Албанија, и кон свештеномаченикот Григорис – прв епископ на Албанија.

Изданието содржи богат речник на богословски термини и на зборови, кои се малку разбирливи. Исто така, изданието е илустрирано со икони на дванаесетте (Господови) празници од колекцијата на катедралниот храм во Баку.

Извор: https://pravoslavie.ru/159307.html