Со особена радост ве известуваме дека, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во издание на Скопската епархија, излезе од печат Старечникот за деца – Си беше еднаш…
Старечникот – чијшто автор е познатиот молдавски јеромонах Саватиј Баштовој – содржи 16 засебни четива, преземени од повеќе извори, како што се: Лавсаикот, Египетскиот старечник, Лимонарот, Прологот, Житијата на светителите и Житијата на италијанските светители; и истите изобилуваат со значајни наравоученија. Впрочем, избрани се раскази коишто ќе го разбудат интересот кај децата. Тие се прераскажани, за да бидат уште појасни и поедноставни. Но, сепак, треба да се нагласи дека оваа книга-сликовница не содржи бајки, туку, напротив, сите настани што се прикажани во неа се вистинити.
Старечникот за деца ќе биде промовиран на овогодишниот Саем на книгата.