Амбасадорот на Романија во Израел на средба со Патријархот Даниил

Фотографија: orthodoxianewsagency.gr

Потребата од зајакнување на дијалогот за соживот на верските заедници, кои често ги плаќаат последиците од екстремниот екстремизам заснован на верска нетрпеливост, беше тема на разговор на средбата на романскиот Патријарх, г. Даниил и романскиот Амбасадор во Израел, Раду Јоанид.

Романскиот дипломат го посети седиштето на Патријаршијата во Букурешт каде имаше средба со поглаварот на Романската православна црква на која се разговараше за меѓународните случувања. Фокусот беше ставен и на поклоничките патувања на Романците во Светата земја, бидејќи од своја страна Црквата сака да се информира за ситуацијата што преовладува во последните месеци, по војната меѓу Израел и Палестина, како и по неодамнешниот удар од Иран врз Израел.

Двете страни разговараа и за културните врски меѓу Романија и Израел како и за зајакнувањето на односите меѓу двата народа во областите на соработка, со посебен акцент на меѓурелигискиот дијалог.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/patriarxeia/patriarxio_roumanias/o-presvis-tis-roumanias-sto-israil-ston-patriarxi-daniil/