Фотографија: orthodox.pl
На 6 мај 2024 година, на денот на св. вмч. Георгиј, Претстоителот на Полската православна црква, Митрополитот Варшавски и на цела Полска Сава началствуваше на Литургијата во параклисот на полската армија во Варшава. Параклисот е посветен на св. свештеномаченик Василиј. На Митрополитот му сослужуваше архиепископот Вроцлавски и Шчечински Георгиј, кој е задолжен за пастирска грижа за православните припадници на полската армија.
По прочитаното евангелие, беседа одржа игумен Пантелејмон (Карчевски). Беседата беше во контекст на радоста од Господовото Воскресение и празникот на светиот великомаченик Георгиј.
По завршување на Литургијата, говорејќи пред претставниците на полските вооружени сили и пред верниците, кои дојдоа да го прослават празникот на светиот великомаченик Георгиј, Митрополитот Сава, најнапред, се осврна на Воскресението Господово. Потоа зборуваше за односот на Полската православна црква со војската, и молитвено посака св. Георгиј да ги укрепува сите во нивните должности и во нивната мисија.
Извор: https://www.orthodox.pl/ii-dzien-zmartwychwstania-panskiego-w-katedrze-wojska-polskiego/