Епифаниј Думенко, претостителот на Православната црква на Украина (ПЦУ), која доби Томос за автокефалија од Цариградската Патријаршија, изјави дека неговата црква во дијаспората може да дејствува само со согласност на Цариградската Патријаршија.
Тој, во интервју за „Радио Слобода“ призна дека црквата, чиј претстоител е тој, не може самостојно да оформува парохии во дијаспората, како што тоа го прави Украинската православна црква.
Новинарката го праша Епифаниј Думенко што презема неговата црква за да им овозможи на Украинците во странство да имаат можност да присуствуваат на богослужбите на ПЦУ.
Тој одговори дека во овој поглед, ПЦУ може да дејствува само „заедно со Вселенската патријаршија“ затоа што „немаме такво право да основаме наши парохии во други земји надвор од Украина“. Епифаниј објасни дека „ова е напишано во Томосот“.
Извор: https://spzh.live/ru/news/80085-dumenko-iz-za-tomosa-ptsu-ne-imeet-prava-na-zarubezhnye-prikhody