Архиепископот Стефан во посета на изложбата „Паоло Роси – златното момче и легендите на фудбалот“

Фејсбук страната на Италијанската амбасада соопшти дека Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ја посети изложбата „Паоло Роси – златното момче и легендите на фудбалот“, организирана со поддршка на Италијанската амбасада во Македонија, Италијанскиот културен институт во Белград и Фудбалската федерација на Македонија, каде што се сретна со Неговата Екселенција Амбасадорот на Италија во Македонија г. Андреа Силвестри.

Во оваа прилика Неговото Блаженство го сподели со Амбасадорот Силвестри „живото сеќавање на подвигот на италијанскиот тим на Светското првенство во 82 година.“

По повод посетата, Амбасадорот Силвестри на Архиепископот Стефан му ја подари публикацијата „30 години дипломатски односи меѓу Италија и Северна Македонија“.

Извор: https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=833834608773729&id=100064415933486&mibextid=qi2Omg