Антиохискиот Патријарх ја читаше четвртата статија на Акатистот Богородичен

Фотографија: antiochpatriarchate.org

Неговото Блаженство Патријархот г.г. Јован X, на 12 април оваа година началствуваше на богослужбата на четвртата статија од Богородичниот Акатист, во црквата на пророкот Илија, во Катана, Сирија, во присуство на Епископите: Роман Селевкиски, Муса Дарајаски и Арсениј Јераполски.

По молитвата, Неговото Блаженство и членовите на црковните тела преминаа во црковниот хол, под звукот на придружната музика и детските химни. Потоа, Неговото Блаженство на сите им даде благослов, додека парохискиот хор испеа неколку химни и песни.

Извор: https://www.antiochpatriarchate.org/en/page/the-fourth-akathist-prayer-in-qatana/2687/