Со благослов на Патријаршискиот Егзарх за Југоисточна Азија (на Руската православна црква), Митрополитот Сингапурски и Југоисточно-азиски Сергиј, кој привремено управува со Тајландската епархија, отпечатен е Богородичниот акатист во превод на тајландски јазик. Исто така, во изданието се поместени историјатот на акатистот и негово толкување.
Преводот и изданието се реализирани од мисионерско-издавачкиот оддел на Тајландската епархија. Примероци од книгата им беа подарени на тајландските свештеници и на парохијаните, на денот посветен на Богородичниот акатист, односно во 5-та сабота од велигденскиот пост.