На празникот Цветници, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија се отслужи Света Архијерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Епископот Велички г, Никола, како и на многубројно свештенство од Повардарската епархија.
Во спомен на ова сослужение, Митрополитот Агатангел го даруваше Епископот Никола со нови Архијерејски одежди.