Празникот на Христовото влегување во Ерусалим – Цветници беше торжествено прославен во манастирот Високи Дечани. На службата учествуваа повеќе од 600 верници од Косово и Метохија, централна Србија и од Црна Гора. Од манастирот известуваат дека тоа е најбројното литургиско собрание до сега, од почетокот на Великиот Пост. Во текот на денот манастирот го посетија уште околу 200 верници.