На 28.4.2024 година, кога Црквата го слави Влегувањето Господово во Ерусалим – Цветници, на покана на градоначалникот на општина Кисела Вода г. Орце Ѓорѓиевски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан го освети новопоставениот Македонски крст во скопската населба Драчево.
По осветувањето, а во знак на благодарност, на Архиепископот му беше доделена плакета за особен придонес при изградбата на истиот.