Благодатниот оган на Велигден во Штип

На 5 мај 2024 година, кога Светата Православна Црква го прослави најторжествениот празник, празникот над празниците, Воскресението Христово – Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го донесе Благодатниот оган во Брегалничката Епархија, изврши литија и го поздрави многубројниот верен народ со најрадосниот поздрав “ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!”

Потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Воскресна Утрена Богослужба и Пасхална Света Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско Намесништво, во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/