Во денот кога Црквата го прославува најрадосниот ден во годината – Велигден, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан оствари неформална средба со: Заменик претседателот на Владата г-ѓа Славица Грковска, министерот за труд и социјална политика г. Ѓоко Велковски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски, градоначалникот на град Скопје г-ѓа Данела Арсова, дополнителниот заменик министер за финансии г. Елена Петрова, дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација г. Стефан Андоновски и поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација г. Александар Бајдевски.
Пасхалната средба помина во пријатна, празнична атмосфера.