Официјалниот сајт на Скопската Православна Епархија соопшти дека:
„На 08.04.2024 Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со Нивните Високопреосвештенства Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија и Митрополитот на Додимотихо, Ористијада и Суфли г. Дамаскин од Грчката Православна Црква. На средбата присуствуваше и Секретарот на САС на МПЦ-ОА Епископот Хераклејски г. Климент.“
Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sredba-vselenska-patrijarsija-2024/