Исповед на свештенството на Повардарската епархија

Во петок од шестата седмица од Великиот Пост, во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес, беше отслужена Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство од велешкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија.

По Литургијата, со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, пензионираниот свештеник, протоереј-ставрофор Спасе Стефановски, изврши Света тајна Исповед на свештенството од велешкото намесништво од Повардарската епархија.

Отец Спасе Стефановски потоа изврши Света тајна Исповед и на свештенството од кавадаречкото намесништво од Повардарската епархија, во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци.

Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=2998&Itemid=32