На 10 мај 2024 година, во петокот од Светлата седмица посветен на обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата Златоустова Литургија во храмот „Свети Јован Крстител“ во Капиштец.
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.