Литургија во Неделата на преп. Марија Египетска во храмот „Св. Георгиј Победоносец“ во Чаир

На 1.4.2024 година, во Неделата на преподобната Марија Египетска, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше на Светата Василиева Литургија во храмот „Св. Георгиј Победоносец“ во Чаир.

По Литургијата се одржа свечена Духовна академија, а по истата, од страна на свештенството и на верниот народ, а во знак на благодарност, на Архиепископот му беше подарена икона од светиот Гаврил Светогорец, Епископ Велички.