Во петтата недела од Великиот пост, посветена на Света Марија Египетска, Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Света Божествена Литургија во сослужение на викарниот Епископ Стобиски г. Јаков во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.