На празникот на Сесловенските просветители и рамноапостоли Св. Кирил и Методиј во базиликата „Сан Клементе“ во Рим денеска во името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и сиот верен народ се отслужи молебен на гробот на Свети Кирил. Молебенот го отслужи Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен.
На молебенот присуствуваше и висока македонска државна делегација предводена од Претседателот на Република Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.
Во рамките на активностите поврзани со одбележувањето на денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, државно-црковната делегација присуствуваше на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск и на повеќе културни настани и приеми.
„Не се става светило под поклоп, туку на светилник за да им свети на сите“ порача Митрополитот Тимотеј на молебенот во Рим, цитирајќи ги Христовите зборови, од Евангелието според Матеј, кое се чита на Литургијата на денешниот празник.