На денот во кој ги чествуваме сесловенските и македонски просветители, рамноапостолните браќа Кирил и Методиј, во црквата посветена на овие наши духовни горостаси во Велес, се отслужи Света Архиерејска Литургија.
Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и бројно свештенство на Повардарската епархија.