Осветување на храмот ,,Св. 40 Севастиски маченици – Младенци” крај Смилковското Езеро

На 13 април 2024 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Oсветувањето на новоизградениот храм посветен на светите 40 Севастиски маченици – Младенци, а којшто беше изграден во спомен на петтемина свирепо убиени во 2012 година кај месноста Смилковци, крај Смилковското Езеро.

По Чинот на осветување беше отслужена Божествена Архијерејска Литургија во присуство на  многуброен верен народ. По Литургијата Архиепископот им додели одличја „Архиепископ Доситеј“ на градоначалникот на општина Гази Баба г. Бобан Стефковски и на градоначалникот на општина Бутел г. Дарко Костовски за особените заложби при изградбата на храмот.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/osvet-hram-smilkovsko-2024/