Опело за новоупокоениот во Господа Протојереј Звонко Мишовски од Кочани

На 09.04.2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши опело над новоупокоениот раб Божји пензионираниот протоjереј Звонко Мишовски од Кочани, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Православна Епархија, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани.

Протојерејот Звонко Мишовски е роден 02.09.1956 година од благочестиви родители во с. Ратево, беровско. Во 1974/75 година се запишува гимназија во Берово. Во 1978/1979 година се запишува на Богословскиот Факултет во Скопје. Во ѓаконски чин е ракоположен на 21.09.1984 година во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Ново Село, Штип, а во свештенички чин на 28.09.1984 година од тогашниот Епископ г. Горазд и од 01.01.1985 година е поставен за парохиски свештеник во Кочани. Во 2018 година е произведен во чин Протојереј од Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а на 02.09.2020 година се пензионира. На 08.04.2024 година се упокои во Господа.

Вечнаја памјат и царство небесно да му дарува семилостивиот Бог.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/