Пренос на моштите на Свети Николај Мирликиски – Божествена Литургија во Мариово

На 22.05.2024 г., кога го празнуваме споменот на пренос на моштите на Свети Николај, Мирликијскиот Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на Неговото Преосвештенство епископот Велички г. Никола, протоереј-ставрофорот Никола Грамбозов, игуменот Мојсеј (Тодоровски), еромонахот Јоаким (Мрмачовски) и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Никола“, село Манастир, Мариово. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: http://www.pppe.mk/2024/prenos-na-moshtite-na-sveti-nikolaj-mirlikiski-bozhestvena-liturgija-vo-mariovo/