На 22 мај 2024 година, во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка, беше отслужена празнична вечерна богослужба во очи на празникот на преподобниот Јоаким Крчовски.
На вечерната началствуваше Белоградчишкиот епископ Поликарп од Бугарската православна црква (викарен епископ на Софиската митрополија). На богослужбата присуствуваа: Митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј и вомировениот Кумановско-Осоговски митрополит Јосиф.
Покрај архијереите, на вечерната богослужба учествуваа свештенослужители од Македонската и од Бугарската црква.
Митрополитот Григориј му подари на Белоградчишкиот епископ Поликарп икона на преподобен Јоаким Крчовски. Исто така, од името на Кумановско-Осоговската епархија, тој му предаде честичка од моштите на светителот.