Преосветување на црква во Демир Капија

На 19 мај 2024 година, во Неделата на жените мироносици, се изврши преосветување на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Демир Капија. Чинот на преосветување на храмот го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и на бројно свештенство на Македонската православна црква.

По чинот на преосветувањето се отслужи и Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Чинот на преосветување на храмот, како и Божествената Литургија молитвено ги проследија голем број жители на Демир Капија. Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се преосвети по завршувањето на целосното надворешно и внатрешно реновирање, при што беше поставен нов инокостас, нов фрескоживопис, нов под и подно греење, нови врати, како и целосна обнова на црковниот трем.

Во предвечерјето на овој свет чин се отслужи празнична Вечерна богослужба.

Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3017&Itemid=32