На денот кога Црквата го празнува споменот на Светиот Цар Константин и Светата Царица Елена, небесни заштитници на градот Ниш, Р. Србија, во храмот на овие големи светители Неговото Преосвештенство Епископот нишки г. Арсениј отслужи Света Божествена Литургија.
Во светото литургиско собрание му сослужуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот тетовско- гостиварски г. Јосиф заедно со Неговото Преосвештенство Епископот стобиски г. Јаков, Неговото Преосвештенство Епископот тимочки г. Иларион, Неговото Преосвештенство Епископот буеносаријски и јужноцентрално-американски и администратор на загребско- љубљанската Митрополија Кирил, Неговото Преосвештенство Епископот британско- ирски г. Нектариј и свештенство и монаштво од Српската православна црква и од Македонската православна црква.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По читањето на заамвоната молитва, Неговото Преосвештенство Епископот стобиски г. Јаков ги освети славските дарови.