Сослужување во Дебарско-кичевската епархија

На 20-ти февруари, кога Светата Православна црква го празнува споменот на свети Партениј Лампсакијски, кој е именден на игуменот на Бигорскиот манастир, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, во манастирот беше отслужена Архијерејска Света Литургија на која началствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На покана на Митрополитот Дебарско-кичевски, на Светата Божествена Литургија сослужуваше и Епископот Аморејски г. Никифор од Цариградската патријаршија, игумен на манастирот Влатадон во Солун, во чија придружба беа студентите по теологија сместени во манастирскиот интернат, јероѓаконот Партениј од Танзанија од Александриската Патријаршија, Архимандритот г. Калиник со монахот Нектариј како претставници на Митрополитот Имвроски и на Тенедоски г. Кирил од Цариградската патријаршија, Архимандритите г. Матеј и г. Херувим од Грција, светогорскиот ѓакон о. Хризостом и неколку светогорски отци. Сослужуваа и свештенослужители од Дебарско-кичевската и Брегалничката епархија.

На Литургијата Бигорскиот јеромонах Макариј беше произведен во архимандритски чин.

Извор: https://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/bratoljubie-blagodat-arhimandritsko-dostoinstvo-na-liturgiskoto-slavje-na-sveti-partenij/