На 5 јуни 2024 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан одржа средба со Неговата екселенција г. Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија во Македонија. На средбата присуствуваа и: капетан г. Андреа Маркети, постојан Твининг советник, г. Микеле Д’амато, експерт за културно наследство, г. Франческо Франчоза, експерт за културно наследство, г-ѓа Маја Цветковска, Началник на одделение за ИПА, Оддел за ЕУ и меѓународна соработка, МВР, г-ѓа Ангела Кукушев, ЕУ Проект и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Средба беше остварена со цел Архиепископот да се запознае со ЕУ Твининг проектот спроведуван од страна на италијанските Карабиниери,, проект којшто има за цел да ги зајакне капацитетите на македонските институции во борбата за заштита на културното наследство и на животната средина.
Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/ambasador-na-republika-italija-vo-makedonija-2024/