На 16.3.2024 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители од Скопската православна епархија, освети камен-темелник за изгрaдба на камбанарија при храмот посветен на светите 40 севастиски маченици, којшто се наоѓа кај месноста Смилковци, крај Смилковското Езеро. Пред самиот освет, Архиепископот отслужи и Панихида за петтемина свирепо убиени во 2012 година.