Моштите на Светиот Пантелејмон, од манастирот Чолану, беа однесени, преку литија, до Психијатриската болница при општината Думбравени – Вранчеа.
Во болничкиот параклис, свештеникот Јонуц Константин, од епархискиот центар Бузау, и свештеникот Оскар Фрунза, протојереј при протојеријата Фокшани II, заедно со уште шестмина свештеници од Вранчеа, отслужија Света тајна Елеоосветување.
На богослужението, одржано минатата недела, присуствуваа раководителите и медицинскиот персонал при болницата, дел од пациентите, како и бројни верници од околните места.
Свештеникот Јонуц Константин, на управителот на Психијатриската болница од Думбравени, му подари икона од светиот Пантелејмон, во знак на благодарност за трудот на медицинскиот персонал за доброто на пациентите.
Пациентите, згрижени во болницата, беа помазани со елеј од Светата тајна Елеоосветување и, истите, се поклонија пред кивотот со светите мошти, а воедно, како дар, примија и акатисти и икончиња од светиот великомаченик Пантелејмон.
Активноста е дел од епархискиот проект „Христос – Лекарот на душите и на телата“, инициран од социјално-филантропскиот и од мисионерскиот сектор при Архиепископијата на Бузау и Вранчеа.