Премиерот на Словачка беше застрелан петпати во средата, во градот Хандлова, во Словачка. Итно е префрлен во болница, но неговата состојба останува критична. Во врска со овој настан, Претстоителот на автокефалната православна Црква на Чешките земји и Словачка Архиепископот г.г. Растислав и Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј објавија изјава со осуда за атентатот и повикаа на молитва за Премиерот Роберт Фицо. Оваа изјава ја пренесуваме во целост:
Со загриженост и болка денес ја примивме веста за атентатот на Премиерот на Република Словачка. Ова е страшен, неприфатлив и неразбирлив чин, кој најостро го осудуваме. Како христијани, на секоја црковна служба се молиме за нашата земја, за нејзините претставници и за сите луѓе кои живеат во неа. Во овој момент, на нашите постоечки прозби, додаваме молитви за спас на животот и скоро закрепнување на еден од највисоките претставници на Република Словачка – премиерот Роберт Фицо. На оваа молитва ги упатуваме сите свештеници и верници на православната црква во Словачка, а на неа ги повикуваме и сите оние кои не ја издигнуваат вредноста на своите ставови над цената на човечкиот живот и се сеќаваат на зборовите на нашиот Спасител: „Сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат“ (Мт. 26, 52).
† Растислав
Архиепископ Прешовско-Словачки, митрополит на Чешка и Словачка† Георгиј
Архиепископ Михаловско-кошички