Православната црква на Чешките земји и Словачка изгради школо во Танзанија

Фотографија: orthodoxianewsagency.gr

Епископот на Букоба и Западна Танзанија г. Хризостом, од Александриската Патријаршија, ја посети Православната црква на Чешките земји и Словачка со цел да се заблагодари за изградбата на основно училиште во парохијата на Чесниот крст, во Какерере, во областа Киеруа, во Букоба.

Тој се сретна со Архиепископот на Прага г.г. Михаил и Епископот Шумпериски г. Исаија, и со пријателите од мисијата, на кои лично им се заблагодари за финансирањето на изградбата на основното училиште, и ги извести за напредокот на градбата.

Вреди да се спомене дека православните од Чешка се запознаа со мисијата преку „Православното братство за надворешна мисија на Солун“, кое посредуваше во реализацијата на овој проект.

За време на престојот во Прага, Епископот Хризостом се поклони во историската црква „Свети Кирил и Методиј“ и имаше контакти со членовите на Грчката заедница, на кои им го пренесе благословот на Александрискиот патријарх г.г. Теодор.

„Мојата посета беше еден вид поклоничко патување и молба до големите мисионери и просветители на Словените, Кирил и Методиј, да ја благословат новата мисија за просветлување на нашите африкански браќа“, рече Епископот Хризостом.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/aytokefales_ekklisies/ekklisia_tsexias_slobakias/i-ekklisia-tis-tsexias-extise-sxoleio-sti-mpoukompa/