Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Оломоуцко-брнски г. Симеон, од Православната црква на Чешките земји и Словачка, се упокои во Господа на 19 март, информираат од епархијата.
На 98 години, тој беше најстариот архијереј на Чешко-словачката црква. Беше свештенослужител 66 години, од кои 26 години како архијереј.
„Овогодинешната Света Пасха нашиот епархиски архиепископ ќе ја слави со ангелите на Рајот. Ги молиме сите свештеници и верници од нашата епархија да се помолат за неговата бесмртна душа“, пишуваат од епархијата.
Опелото ќе биде отслужено во храмот Свети Горазд во Оломоуц во сабота на 23 март, а ќе биде погребан во семејната гробница.
Архиепископот Симеон беше роден на 12 февруари 1926 година, во Прага. Студирал теологија во Прага, Белград и Ленинград, а подоцна предавал на теолошките факултети, со посебен интерес за Стариот завет. Во ѓаконски и свештенички чин бил ракоположен во 1958 година. На 21 јуни 1998 бил ракоположен во епископски чин, со тутула Жатецки, како викар на Прашкиот архиепископ.
На 9 април 2000 година е избран за епископ на Оломоуц и Брно, а во 2006 година добива архиепископски чин.
Во 2013 година, тој за кратко време беше Администратор на Православната црква на Чешка и Словачка, откако се пензионираше Престоителот на црквата, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Прашки Криштоф.
Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Прешовски Растислав (сега Претостоител на Чешко-словачката црква) беше избран за Администратор во декември истата година, иако тој и другите, вклучително и Цариградскиот патријарх Вартоломеј, одбија да го признаат.
Во јануари 2016 година беше постигнат договор со кој Патријархот Вартоломеј се согласи да престане да ги отфрла канонските одлуки на Црквата на Чешката Земја и Словачка, вклучувајќи го и востоличувањето на Митрополитот Растислав за Претстоител (што беше во февруари 2014 година, каде што Цариград одби да испрати делегација), а Архиепископот Симеон продолжи да управува со епархијата Оломоуц и Брно.