На 2 јуни 2024, со благослов на Сремскиот епископ Василиј, игуменот на манастирот „Подмаине“ (Црна Гора) отец Рафаило Бољевиќ од Црногорско-приморската митрополија одржа духовна вечер, со разговор на тема: „Проблемот на расеаноста и значењето на вниманието во духовниот живот“.
Настанот се одржа во големиот амфитеатар на Вишата школа на струковни студии за образование на воспитувачи и на деловни информатичари „Сириум“ во Сремска Митровица. Просторот на амфитеатарот беше исклучително мал за да ги прими сите жедни, уморни и обременети. Како и секогаш, отец Рафаило беседеше со јазикот на молитвата и со методот на лично сведочење.
Отец Рафаило е познат на сите четири страни од светот. Него го повикуваат во сите епархии, и верници и неверници, за да се исполнат со духовна радост и да се облагодатат со Божјата сила и со сите дарови, кои ги принесува Божјиот Дух. На крај, предавањето заврши со песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“.
„Одборот за верска настава на Сремската епархија и во иднина ќе продолжи да го обогатува верниот народ на нашата епархија. Тоа е основна задача на оваа епархиска установа: да ги просветлува и да ги образува со воспитни цели целото паство, епархиотите и сите луѓе, кои се способни да прифатат сѐ што им носи Божјата милост“ – истакнува ѓакон Стефан Недиќ, заменик претседател на Одборот за верска настава на Сремската епархија.