Меѓурелигиски форум во Ерусалим

Фотографија: rusdm.ru

На 18 април, во Ерусалим се одржа второто заседание на тркалезната маса „Москва – Ерусалим. Дијалог на религиите“, која беше организирана од Неговото Блаженство Теофил III, Патријарх на Светиот град Ерусалим и цела Палестина, од Претседателот на Врховниот совет за верски прашања на Друзиската заедница на Израел, шеикот Муафак Тариф, од управата на градот Москва и од Амбасадата на Руската Федерација во Израел.

На приемот присуствуваа Неговото Блаженство Патријархот на Светиот град Ерусалим и на цела Палестина г.г. Теофил, придружуван од генералниот секретар на Ерусалимската патријаршија, Архиепископот Константински г. Аристарх, поглаварот на Друзиската заедница на Израел, шеикот Муафак Тариф со бројни претставници на Друзиската заедница, претставник на управата на градот Москва, раководителот на Одделот за надворешни економски и меѓународни односи на Москва С. Е. Черемин со придружба од службеници, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Русија во Израел А. Д. Викторов, претставници на рускиот дипломатски кор, началникот на Руска духовна мисија во Ерусалим, архимандрит Васијан (Змеев), неговиот заменик, игумен Никон (Головко), игуманија на женскиот манастир во Еин Керем, игуманија Екатерина (Чернишева) со сестринството, началникот на Руската духовна мисија во рамките на Руската задгранична православна црква, архимандрит Роман (Красовски), како и бројни претставници на различни верски заедници во Израел, локалната интелигенција и печатот.

Пред учесниците на конференцијата беа претставени извештаите од почесните гости на форумот, вклучувајќи го и говорот на началникот на мисијата, архимандрит Васијан, кој зборуваше за долгогодишните историски духовни врски меѓу Русија и Светата земја, како и на неговиот заменик, игуменот Никон, за основните принципи на кои се потпира Руската православна црква на полето на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог.

Извор: https://rusdm.ru/представители-миссии-приняли-участи-4/