Фотографија: bg-patriarshia.bg
На 16 април, вторник, софиската катедралната црква „Св. Недела“, беше отслужена панихида за жртвите од тешкиот атентат што се случи на истиот датум во 1925 година.
Имено, на 16 април 1925 година, Велики четврток, на погребот на убиениот генерал Константин Георгиев се случи нов терористички акт – во атентатот загинаа 134 лица, а околу 500 беа повредени, од кои еден дел им подлегнаа на раните, и со тоа бројот на жртвите надмина 200. Помеѓу нив имаше многу претставници на старата бугарска државна елита, а многу од загинатите беа невини жени и деца. Атентатот го изврши група екстремни левичарски активисти на Воената организација на Бугарската комунистичка партија, кои го кренаа во воздух покривот на црквата „Св. недела“ во Софија.
Богослужбата ја водеше Неговото Преосвештенство епископот Белоградчички Поликарп, викар на Софискиот митрополит, во сослужение со свештенство од Софиската Митрополија.
Во своето слово по богослужбата, помеѓу останатото, епископот Поликарп рече:
„Се помоливме Бог да ги прости загинатите, како и оние што починаа од раните по нападот. Исто така, се молиме овој грозоморен атентат, кој се смета за најлош напад во нашата историја, никогаш повеќе да не се повтори.
Се молиме Бог да ги вразуми сите оние што сакаат да ги постигнат своите цели со меч, наместо тоа – да ги постигнат со добар пример, со братољубие, со доверба. Тие комунисти тогаш го осквернија најсветото – верата и човечкиот живот, а за жал, неколку децении потоа цела Бугарија беше обвиена во тој мрак, во кој не се почитуваа ниту човечкиот живот, ниту човечките дела, ниту човечката вера.
За жал, сите ние се менуваме според времињата и често го забораваме она што поминало за да го прифатиме она што ни се нуди, и тоа по цена на крв, на убиства, на зли дела кои човекот сам не може да ги поднесе.
Кога се спомнуваме на овој акт на агресија и убиство во овој храм, се сеќаваме и на Божјата милост, со која Тој на сите им го дава она што им е неопходно за спасение и вечен живот, но и на секого му дава шанса да му се отворат очите и да го види она што е невидливо, за да успее.
Молејќи се за душите на терористичкиот чин во храмот пред 99 години и за благосостојбата на светот, да се молиме особено за оние што ги водат човечките мноштва – да знаат дека, како што е напишано во Светото Писмо: ’Од Господа е дадена власта и моќта од Севишниот…’
Неопходно секој да го има тоа како мерка за своите постапки, бидејќи сите вредности се за добар успех на човекот, на човечкото битие, на човечката душа, за неговиот ум и разум.“
По панихидата беше отслужена трисагија пред гробот на Неговата Светост Митрополитот Софиски и Бугарски Патријарх Неофит.
Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/panihida-po-sluchay-99-godishninata-ot-atentata-v-stolichnia