Фотографија: Православие.ру
На 9 март 2024 година беше објавен завршниот документ од 11. Општоцрковен совет за социјална служба на Руската православна црква. Советот беше одржан во ноември 2023 година. Во неговата работа зедоа учество повеќе од 1300 луѓе: претставници на 219 епархии од Русија и од други земји, раководители на православни социјални проекти, управници и соработници на епархиските социјални оддели, главни сестри и свештеници од милосрдните сестринства и социјални работници. Гости на Советот беа претставници на општествени организации, на органите на власта и на бизнис-заедницата.
Завршниот документ на Советот беше потврден од Светејшиот Патријарх Московски и на сета Рус Кирил. Во него се определени основните насоки за понатамошниот развој на социјалната служба на Руската православна црква, и се формулирани предлози за органите на државната власт. Редица предлози се однесуваат на подршка на семејствата со деца, вбројувајќи ги многудетните семејства. Се препорачува, на епархиско ниво, да се развиваат црковните проекти, кои се во насока на подршка на семејствата со деца.
„Учесниците на Советот сметаат дека е целисходно формирањето на епархиски центри за комплексна помош на семејствата, и организирањето на домови/станови за мајки/семејства, кои се наоѓаат во тешка животна ситуација. Исто така, сметаат дека е целисходно и формирањето на хуманитарни центри, православни центри за семејно уредување, православни детски градинки и семејни кампови. Неопходно е да ѝ се посвети посебно внимание на помошта на многудетните семејства“ – се истакнува во завршниот документ.
Исто така, се предлага, според можностите, да се организираат молебени за формирање и за зајакнување на семејството, за успешна бременост и породување, и за добивање деца.
„Учесниците на Советот предлагаат во парохиската дејност да бидат вклучени деца со ограничени здравствени можности и возрасни луѓе со инвалидитет, а, исто така, и членови на нивните семејства. При тоа, да се создадат сите благопријатни услови, тие луѓе да станат неодделив дел од православните општини и да имаат можност за учество во богослужбените Свети Тајни и во парохискиот живот, Во врска со тоа, учесниците на Советот предлагаат да се обрне посебно внимание на објавување информации (на епархиските сајтови и на социјалните мрежи на храмовите) за транспортната достапност, за присуството или отсуството на рампи за инвалиди и дигалки, за опремување на санитарна просторија, за помошни средства (колички, бастуни), и за контакти со специјалисти, кои можат да организираат придружба и помош“ – се вели во документот.
Во документот се даваат предлози и насоки и за згрижување на деца без родители. Исто така, учесниците на Советот сметаат дека е неопходно, на законодавно ниво, да се регулира можноста за медицинските работници од секој вид, да имаат право да одбијат да учествуваат во процедурата на извршување абортус.
Извор: https://pravoslavie.ru/159249.html, https://pravoslavie.ru/159246.html, https://pravoslavie.ru/159235.html