Цариградската патријаршија основа епархија во Ирска

На 22 март 2024 година се одржа редовна седница на Светиот Синод на Цариградската патријаршија. На седницата беа разгледани точките од дневниот ред, и беа донесени соодветни одлуки. Светиот Синод, „на аргументирано барање од Архиепископот Тијатирски и на В. Британија Никита, од истоимената Архиепископија ја отсече Ирска и основа нова Митрополија на Тронот, со назив ’Свештена митрополија на Ирска’, за потребите на тамошното паство на православните верници, кое континуирано се зголемува. Потоа, (Синодот) го избра Зинуполскиот епископ Јаков за Митрополит на новооснованата Митрополија.“

На истата синодска седница беа избрани и двајца викарни епископи на Архиепископот на Америка Елпидофор.

Неодамна Романската православна црква донесе одлука за формирање на нова епархија во Ирска.

Извор: https://ec-patr.org/ανακοινωθέν-για-τις-εργασίες-της-αγία-22/