Митрополијата на Патра „со тага, по човечки, но и со увереност во Воскресението и во вечниот живот“, соопшти дека на 11 март годинава, во утринските часови, се упокои Евкарпискиот епископ Јеротеј. Станува збор за архијереј на Цариградската патријаршија, и игумен на Патријаршискиот манастир „Св. Ирина Хрисоваланту“ во Асторија – Њујорк. Претходно тој беше протосингел на Митрополијата на Патра. Епископот Јеротеј се упокои во Патра, „каде престојуваше во последно време поради лечење во една болница во градот“. Опелото ќе биде извршено на 14 март, во храмот „Св. Троица“ во Патра. Во истиот храм тој бил свештенослужител и старешина.
Воскреснатиот Господ нека му подари вечен и блажен живот во Царството Небесно!