По налог на Светејшиот Патријарх Московски и на сета Рус Кирил, до синодската комисија за канонизација на светители и до календарскиот оддел на издаваштвото на Московската патријаршија, составен е актуелен список на Соборот на новомаченици и исповедници на Руската црква. Списокот е објавен на официјалниот сајт на издавачката дејност на Московската патријаршија, и содржи 1621 светители.
Во објавениот список, за секој светител, се посочени следниве податоци: категорија на светителството, име, презиме, црковен чин, сите празнични датуми на светителот кои се влезени во официјалниот календар на Руската православна црква (според стариот и според новиот календарски стил).
При подготовка на списокот се извршени сите неопходни прецизирања на горенаведените податоци.