На 3 јуни 2024 год., на празникот посветен на Светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, придружуван од претставници на свештенството и монаштвото од епархијата оствари средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Неврокопски г. Серафим, во соседна Бугарија. Средбата се одржа во седиштето на Митрополијата кое се наоѓа во градот Гоце Делчев. Оваа посета е прва од ваков карактер помеѓу двете соседни епархии откако е интронизиран Епископот Делчевско-каменички г. Марко.
Двајцата великодостојници најпрво меѓусебно разговараа за историјата на Неврокопската епархија и за новоформираната Делчевско-каменичка епархија. Исто така разменија мислења и искуства за функционирањето на епархиите. Разговараа и за актуелниот проблем во современото живеење, огромното намалувањето на наталитетот помеѓу православното население. Главна причина за тоа е иселување на младите.
На крајот изразија надеж дека наскоро повторно ќе остварат средба со надеж заеднички да сослужуваат. Епископот г. Марко го покани Митрополит г. Серафим во блиска иднина да ја посети Делчевско-каменичката епархија, на заедничко сослужение. Поздравувајќи се меѓусебно, си посакаа многу успешна и плодотворна дејност на нивата Господова.
Извор: https://www.facebook.com/61551990174842/posts/122168155130066339/?rdid=vBz7ibz4RdcSs6ft