Кога Црквата го празнува споменот на светиот Прохор Пчињски, во истоимената црква во Пјаченца (Италијанска Република) во сослужение на повеќе свештеници од МПЦ-ОА заедно со свештеници на сестринската Руска Православна Црква се отслужи Света Божествена Литургија.
Кон литургиското собрание по повод храмовата слава притекнаа бројни верни чеда на Европската епархија на МПЦ-ОА од различни делови на Италија каде верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По литургијата беше организиран и заеднички славски ручек за сите присутни кој беше збогатен со македонска музика.
На оваа прослава присуствуваа и дипломатски претставници на Р. Македонија како и политички претставници на градот Пјаченца.