Рускиот Патријарх Кирил изјави дека на московската земја се случи ужасно злосторство

Прес службата на Патријархот Московски и на сета Рус соопшти дека, на 23 март 2024 година, Патријархот Кирил началствуваше на сеноќното бдение во катедралниот храм на Христа Спасителот, во Москва. На крајот од вечерната богослужба, Рускиот Патријарх Кирил отслужи помен за загинатите во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“.

Пред почетокот на поменот, Патријархот кажа дека „на московската земја се случи страшно злосторнично злодело, во кое безумно и ѕверски беа убиени невини луѓе. Според неговите зборови, „она што се случи е поврзано со терористички активности, кои не се случуваат за првпат против нашата земја и против нашиот народ.“

„Ние денес, со особена болка, го преживуваме сето она што се случи. Првата реакција на Црквата треба да биде молитвата. Подоцна ќе биде изнесен официјален став, а јас сега подготвувам официјален документ, поврзан со овој злосторнички настан. Меѓутоа, пред сѐ, ние треба да ја исполниме својата христијанска должност и да се помолиме за невино убиените луѓе“ – изјави Светејшиот Патријарх.

„Нема ништо пострашно од смртта на невин човек. А, кога се случува убиство на голем број невини луѓе, тогаш тоа злосторство долго време се чува во народното сеќавање. Меѓутоа, ние, како христијани, треба на таквиот вид ужасни настани да одговориме соодветно на нашиот призив. А, нашиот првенствен призив се состои во молитвата“ – нагласи Патријархот Кирил.

Извор: http://www.patriarchia.ru/db/text/6114681.html