Учениците од основното училиште „Џиџи Пројети“ – Рим, во средата, беа во посета на романската парохија „Воздвижение на Чесниот Крст“, при месноста Тусколана, со цел да се запознаат со Православната Црква.
Посетата беше организирана врз основа на партнерството меѓу двете институции, склучено во текот на изминатата година.
Учениците, претежно римокатолици, на училиште изучувале за Православието и сликале икони. Поради тоа, „се покажаа исклучително среќни и љубопитни да посетат православен храм и да разговараат со православен свештеник“, потврди парохискиот свештеник Кипријан Балтаг.
По кусата презентација, средбата продолжи со сесија од прашања и одговори упатени и до учениците и до наставниците, коишто ги придружуваа.
Парохискиот свештеник, Кипријан Балтаг, најави дека слични посети ќе има и во текот на месец март, а следната посета ќе биде направена од учениците од VI одделение.
Извор: https://basilica.ro/elevii-unei-scoli-din-roma-invata-despre-ortodoxie-la-o-parohie-romaneasca/