Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј, заедно со Преосвештениот Епископот Бачки г. Иринеј, член на Светиот Архијерејски Синод на Српската Православна Црква, на 4 март оваа година, во просториите на Патријаршијата во Белград, го прими Високопреосвештениот Митрополит Волоколамски г. Антониј, претседателот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, и Протојерејот Николај Балашов, советник на Патријархот Московски и на цела Рус г.г. Кирил.
Во срдечниот и содржаен разговор беше истакнато взаемното задоволство од братската соработка на двете Цркви и на двата едноверни народи. Особено внимание соговорниците му посветија на совладувањето на предизвиците со кои се соочува Православната црква.
Извор: https://spc.rs/patrijarh-porfirije-razgovarao-sa-mitropolitom-volokolamskim-antonijem/