За првпат – православни гробишта во Јапонија

Пишува: Андреј Урсулеан

Романската парохија „Свети великомаченик Георгиј“ од Токио,[1] на крајот од минатиот месец, отвори православни гробишта во Јапонија, во Јаманаши. Заедницата предложува да донесе и дрвена црква од Романија којашто ќе биде наменета како капела при самите гробишта.

Земјиштето од 1 200 квадратни метри беше концесионирано на крајот од минатиот месец и ќе служи исклучиво за погребување на православни луѓе од Јапонија.

Постапката за концесионирање беше спроведена од страна на  романската заедница во јапонските земји (преку парохискиот свештеник Даниел Корау) и од Јапонското погребно здружение, предводено од двајца будистички монаси.

Истовремено, парохијата објави дека има достапни погребни места, а цената на едно место чини 250 000 јени.

„Кремирањето, како што знаеме, не е во согласност со христијанскиот поредок и секој поттик кон оваа практика, дали од удопство или од каков бил вид, се коси со учењето на православната вера за смртта, за телото и за вечниот живот“, изјавија претставниците на парохијата „Свети великомаченик Георгиј“ од Токио.

Иницијативата за донесување на (дрвена) црква од Романија ќе биде поткрепена со помош на донации.

Извор: https://basilica.ro/a-fost-deschis-primul-cimitir-ortodox-din-japonia-ne-propunem-sa-aducem-din-romania-o-biserica-de-lemn/


[1] Претставништво на Романската патријаршија при автономната Јапонска православна црква.