Фотографија: exarchate-africa.ru
Околу 1.000 жители на Малави беа крстени како Православни христијани, во текот на минатата недела, во различни парохии на Африканскиот егзархат на Руската православна црква.
Неговото Високопреосвештенство митрополитот Зараиски Константин, Егзархот на Руската Патријашија за Африка, ја изврши Светата Тајна Крштение во четири различни парохии помеѓу 11 и 14 април. Нему му сослужуваше свештеникот Георгиј Максимов, раководител на Мисионерскиот оддел на Егзархатот, заедно со други свештеници, известуваат од Егзархиатот.
Во истиот период, о. Георгиј и другите свештеници, исто така, извршуваа Крштенија и во три други парохии.
На новокрстените им беа подарени ланчиња со крстови и икони за молитвен агол во домовите, како и книга за Православна катихеза на јазикот Чева, подготвена специјално за ова патување.
На Крштевањата им претходеше поука во верата во парохиите на Африканскиот егзархат на Руската православна црква.
Александриската патријаршија ги прогласи и митрополитот Константин и свештеникот Георгиј за расчинети поради нивната активност на канонската територија на Александриската Патријаршија.
Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/okolo-1000-zhitelej-malavi-prinyali-svyatoe-kreshhenie/